Последни вести

УТВРДЕН РАСПОРЕДОТ ЗА НАСТАП НА ЕКИПИТЕ НА „ПЕТРОВДЕНСКИОТ ТУРНИР“ ВО МАЛ ФУДБАЛ

В петок, на 24 јуни, во 19 ч. на спортските терени на СОУ „Љупчо Сантов“ ќе се одигра првиот натпревар од претстојниот Петровденски турнир во мал фудбал. Претставници на  ОФС – Кочани, како директни реализатори на турнирот денеска, со ждребување го утврдија распоредот на пријавените петнаесет екипи. „Ќе се игра според футсал правила, по три…

СЕ АСФАЛТИРА НОВАТА КОЛОВОЗНА ЛЕНТА НА УЛИЦАТА „СТЕВО ТЕОДОСИЕВСКИ“

Денеска започна асфалтирањето на новата коловозна лента на улицата „Стево Теодосиевски“. Во должина од 500 м се поставува првиот асфалтен слој од 8 см, а наредниве денови ќе се нанесе уште еден слој од 5 см. Градежните работи се одвиваат на потегот од Двојниот мост кон спојот со улицата „Димитар Влахов“, а ќе продолжат кон…

СВР ШТИП: ПРИВЕДЕН БЕГАЛЕЦ ОД ЗАТВОР, РАСЧИСТЕНИ НЕКОЛКУ КРИВИЧНИ ДЕЛА

На 20.06.2022 околу 23.00 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода М.К.(25) од Кочани. Тој бил баран со потерница поради бегство од казнено-поправната установа Затвор Куманово и поради основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 и сторени три кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од…

ВНИМАВАЈТЕ! МАЛО НЕВНИМАНИЕ МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА ПОЖАР СО ТЕШКИ ПОСЛЕДИЦИ

По настапувањето на последните, значително повисоки температури и најавите дека во наредните денови тие уште повеќе ќе се зголемат, во голема мерка се зголемија и потенцијалните опасности за избувнување пожари, особено поради фактот дека има забележителна раздвиженост на нивите, но и во шумите.   Затоа, Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да бидат внимателни…

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО РАБОТИЛНИЦАТА „ЛЕТА, ЛЕТА ЛОКУБИЈА“

Во рамките на долгогодишниот уметнички проект „Татковина – Споменик на слободата“ на визуелната уметница Елена Чемерска, кој има за цел физички и значенски да се ревитализира Споменикот на слободата во Кочани и да се реактивира неговиот еманципаторски потенцијал за локалната заедница, се објавува отворен повик за учество во работилницата „Лета, лета Локубија”. Во рамките на…

ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ

В четврток, на 23 јуни 2022 година ќе се спроведе превентивна терестичка дезинсекција на подрачјето на Општина Кочани. Вечерта, од 20 ч. до 1 ч. по полноќ, ќе се изврши прскање против комарци од земја, на површина од 300 хектари на подрачјето во градот Кочани и во селата: Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци,…

ЖДРЕБУВАЊЕ ЗА „ПЕТРОВДЕНСКИ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ“

Известување Се известуваат сите фудбалски екипи кои се пријавени  за Петровденскиот турнир во мал фудбал дека ждребувањето ќе се одржи на 21 јуни 2022 г. во Венчалната сала на Општина Кочани, со почеток во 13:30 часот. Натпреварите ќе започнат в петок, на 24 јуни 2022 година, на терените во СОУ „Љупчо Сантов“. Дополнителни информации на телефоните:077 881…

ДИНО ЛАЗАРЕВ ВО КОШАРКАРСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКДЕОНИЈА ДО 16 ГОДИНИ

Кошаркарот на „Баскет Дино Деликатес“ од Копани Дино Лазарев се најде на потесниот список во репрезентацијата на Македонија за кошаркари до 16 години. По одржаниот тренинг на 14 овој месец на кој беа поканети 38 кошаркари, селекторот Андреј Апостолски Лечиќ и  неговите помошници Никола Димитриевски (тренер) и Дејан Србиновски (асистент) се одлучија за 18 кошаркари…

И ПО РЕЧИСИ ГОДИНА ДЕНА УЛИЦАТА „РАДЕ КРАТОВЧЕ“ ЈА ЧЕКА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА

На фотографиите е улицата „Раде Кратовче“ во Кочани, несомнено една од пофреквентните улици во Централното градско подрачје. Улицата се асфалтираше пред малку повеќе од 40 години а од минатата година беше влезена во програмата за нејзина реконструкција. Работите започнаа кон крајот на месец август минатата година а еве по близу година дена улицата уште чека…

ИСЧЕЗНА ПОСТОЛ ЦВЕТКОВ ОД КОЧАНИ

Исчезнат е Постол Цветков – 71 годишна возраст, висок 172cm. Последен пат е виден излегувајќи од домот на 16.06.2022 на улица “Никола Вапцаров” во 10:30 часот. Ве замолувам за било каква информација. доколку некој го има видено. Контакт: 071-326-193