Последни вести

ДОДЕЛЕНИ УВЕРЕНИЈАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ И НА ЧЛЕНОВИТЕ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ 2021-2025

Со доделувањето на уверенијата на новиот градоначалник на Општина Кочани, Љупчо Папазов и на деветнаесетте членови на Советот на Општината, започна новиот мандат на локалната власт. Врачувајќи им ги уверенијата, претседателката на Општинската Изборна Комисија – Кочани, Билјана Димовска Гичева истакна дека на Локалните избори 2021 жителите со право на глас им ја дале довербата…

„ОСОГОВО“ ПОТКЛЕКНА ВО ФИНИШОТ

Се одиграа натпреварите од 10-тото коло во Втора Фудбалска Лига – Исток во кое три победи забележаа домашните екипи, еден натпревар заврши без победник а само на еден гостите се радуваа. Во Македонска Каменица се одигра регионалното дерби во кое славеше домаќинот со 2:0 (0:0). И двете екипи одиграа тврд натпревар во кој одлуката падна…

ВРЕМЕ КОГА ОД НАЈЧИСТ, КОЧАНИ СТАНА НАЈЗАГАДЕН ГРАД

Фотографиите кои утринава ни ги испрати наш читател ја отсликуваат реалноста на Кочани, град кој во лошото едноумие важеше за еден од најчистите градови во државата, а денес во убавиот плурализам за еден од најзагадените. Залудни се и пишувањата, залудни се и протестите кога некој „мува не го лази“ си тера тој како што замислил,…

ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, РЕГИОНАЛНОТО ДЕРБИ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Продолжуваат натпреварите во Втора Фудбалска Лига – Исток. Во Недела со почеток во 13:00 часот започнуваат натпреварите од 10-тото коло. Регионалното дерби се игра во Македонска Каменица каде домаќинот „Каменица Саса“ го пречекува „Осогово“. „Рударите“ по двата последователни порази најавува голема борба и освојување на трите бода. И од таборот на „жетварите“ најавуваат поход кон…

НА ЗАМИНУВАЊЕ ОД ФУНКЦИЈАТА ГРАДОНАЧАЛНИК, НИКОЛЧО ИЛИЈЕВ ОСТАВА ФИНАНСИСКИ СТАБИЛНА ОПШТИНА И ЗАПОЧНАТИ ДВАЕСЕТИНА ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ

По соопштувањето на официјалните резултати за Локалните избори 2021 година спроведени во Кочани, претстои примопредавањето на највисоката извршна локална функција на новоизбраниот градоначалник на Кочани. Во функција на транспарентното и отчетно работење е информирањето на граѓаните за финансиската состојба на Општина Кочани и за тековните и претстојните проекти во кои се вложени буџетски средства. Состојбата…

НИКОЛЧО ИЛИЈЕВ ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА МАНДАТОТ ГРАДОНАЧАЛНИК: ОСТАВИВ ДЕЛА КОИ ЌЕ СВЕДОЧАТ ЗА ЕДНА СОВРЕМЕНА ВИЗИЈА

Почитувани, Државната изборна комисија ги објави официјалните резултати за Кочани од Локалните избори – 2021, со што го завршувам мандатот како градоначалник. На оваа функција пристигнав тивко, се посветив максимално и вградив четири години од животот во дела кои ќе сведочат за една современа визија и отворен пристап во решавање на проблемите. Токму затоа не…

ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБА „КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО НА КОЧАНИ И КОЧАНСКО НИЗ ФОТОГРАФИИ“

Во просториите на ЈОУ Матична Библиотека „Искра“ во Кочани отворена е изложба „Културно наследство на Кочани и Кочанско низ фптпграфии“. Основната идеја врз која е подготвувана изложбата претставува континуираниот живот на овие простори речиси 9000 години наназад, поткрепено преку избор на дел од културното наследство прикажано низ фотографии. Концептот на изложбата како и изборот на…

ПОЛИЦАЕЦ ИСПУКАЛ ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ ИСТРЕЛ КОГА АГРЕСИВНО ЛИЦЕ ГО НАПАДНАЛО СО ОСТАР ПРЕДМЕТ

На 04.11.2021, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода С.Р.(45) од с.Облешево, општина Чешиново-Облешево бидејќи околу 09.00 часот во с.Облешево, агресивно се однесувал кон вработени од Центарот за социјални работи Кочани, а се обидел со остар предмет да нападне полициски службеници, поради што бил испукан еден предупредувачки истрел во воздух од службен…

ФИЗИЧКИ ЈА НАПДНАЛ СОПРУГАТА ПО ШТО ЛИЦЕТО БИЛО ЛИШЕНО ОД СЛОБОДА

На 05.11.2021, полициски службеници од Полициската станица Кочани од слобода го лишиле М.З.(57) од Кочани затоа што физички ја нападнал неговата 45 – годишна сопруга. По комплетирање на случајот против М.З. ќе биде поднесена соодветна пријава.. ИЗВОР: Дневни билтени на СВР Штип

ВО САБОТА СТАРТУВА ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЗА ЖЕНИ

По многу препирки и неизвесности конечно е донесено решение новоформираната Втора Фудбалска Лига за жени да стартува во Сабота (06.11.2021). Во новоформираната Втора Фудбалска Лига за жени годинава ќе се натпреваруваат 10 екипи, а биејќи почетокот на сезоната доцни, планирано е во есенскиот дел да се одиграат натпреварите до 7-мото коло, а на пролет да…