Последни вести
ЕДУКАЦИЈА ЗА ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ НА МЛАДИТЕ ВО СООБРАЌАЈОТ
Општина Кочани, Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата – Кочани и МВР ОВР ПС Кочани одржаа едукативни предавања во двете средни училиште во Кочани како дел од кампањата за поголема безбедност на младите во сообраќајот – посветена на матурантите. Во рамките на предавањата, преку мултимедијална презентација, учениците матуранти од СОУ „Гошо Викентиев“ и…
СЛОВЕНЕЧКИОТ АМБАСАДОР ПРЕСКЕР НА СРЕДБА СО В.Д. ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ВЕНКО КРСТЕВСКИ
Вршителот на должноста градоначалник на Општина Кочани Венко Крстевски денеска го прими во официјална посета словенечкиот амбасадор Грегор Прескер. Крстевски изрази голема благодарност за лекувањето во Словенија на повредените лица во неодамнешната трагедија, како и за сета досегашна поддршка на Кочани, истакнувајќи дека Република Словенија е наш репер во многу области на дејствување. Амбасадорот Прескер…
КОЧАНЧАНЕЦ ВОЗЕЛ СО 1,86 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ ВО КРВТА
На 19.05.2025 во 01.10 часот во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишија од слобода Г.А.(53) од Кочани. При сообраќајна контрола на ул.„Димитар Влахов“ е сопрено патничко возило „фолксваген“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,86…
МЛАДИТЕ ИГРАЧИ НА „ОСОГОВО“ ЈА ОПРАВДАА ДОВЕРБАТА
Со одигрувањето на натпреварите од 30-тото последно коло во Втора Фудбалска Лига. Кога е натпреварувачкиот дел во прашање и официјално се спушти завесата на годинешното првенство, но кога се чека ФФМ да се произнесе за еден натпревар кој крена премногу прашина во финишот на натпреварувањето може да дојде до некакви поместувања. Сепак откако се уверивме…
КАРАТИСТИТЕ НА „КОЧАНИ“ СО 19 МЕДАЛИ СЕ ВРАЌААТ ОД „СОЛИДАРНОСТ ОПЕН 2025“
Денес Скопје беше домаќин на 23-тото издание на Меѓународниот карате турнир „Солидарност Опен 2025“. Карате Клуб „Кочани“ на турнирот партиципираше со 13 натпреварувачи кои освоија вкупно 19 медали од кои 7 златни, 4 сребрени и 8 бронзени. Во екипен пласман Карате Клуб „Кочани“ го освои 3-тото место. „Како клуб задоволни сме од постигнатите резултати на…
БУГАРСКИ ПОЛИТИЧАР Е ДОНАТОР НА СИЛИКОНСКИТЕ ПОМАГАЛА ЗА СЕДУМ ПОВРЕДЕНИ ВО ДИСКОТЕКАТА „ПУЛС“
Од сигурни извори дознаваме дека Бугарски политичар ќе биде еден од донаторите на силиконските помагала за седумте настрадани од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани кои се лекуваа во клиниката „Пирогов“ во Софија. Повредените имаат потреба од силиконски маски, кратки и долги силиконски ракавици, силиконски чизми и други силиконски помагала што им се потребни за…
ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ЗА ПОДДРШКА НА КОЧАНИ МЕЃУ РОТАРИ КЛУБОВИТЕ „КОЧАНИ-ВИНИЦА“ И „ЦЕЉЕ“
Во текот на вчерашниот ден во Кочани се потпиша меморандум за повеќегодишна соработка за поддршка на Кочани се со цел санирање на настанатата состојба по трагичниот настан што се случи во дискотеката „Пулс“. Меморандумот е потпишан од страна на Ротари клуб “Кочани-Виница“ и Ротари клуб „Цеље“ од Република Словенија и истиот е со времетраење од…
ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ОДРЖАНАТА МАНИФЕСТАЦИЈА „АФКО 2025“
Во петок, 16. мај 2025 се одржа АФКО 2025. Библиотеката при Меѓународниот славјански универзитет во Свети Николе беше претесна да ги собере сите љубители на афоризмот кои сакаа да ја следат оваа манифестација. Манифестацијата АФКО (во првите свои изданија позната како „Вечери на македонскиот афоризам“) годинав требаше да го има своето тринаесетто издание на 28…
ВО НЕДЕЛА ПОСЛЕДНО КОЛО ВО ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА
Поради финалниот натпревар во Купот на Македонија натпреварите во Втора Фудбалска Лига се презакажани и наместо тие да се играат во постојаниот термин во Сабота, истите се на програмата во Недела со почеток во 17:00 часот. На дното се е познато, Вардарски и Борец ја напуштаат лигата, додека Осогово ќе игра бараж натпревар со една…
САПОРТ КОЧАНИ ПРЕКУ АПТЕКИ „ЗЕГИН“ ФОНДАЦИЈА „ДР. ВЕРИЦА МЕХАНЏИСКА“ ОБЕЗБЕДИ ДОНАЦИЈА ЗА ОПШТА БОЛНИЦА – КОЧАНИ
Новата донација за Општа болница со проширена дејност – Кочани им беше доставена денес. Дел од тимот на Сапорт Кочани заедно со претставници од Аптеки „Зегин“, фондација „Др. Верица Механџиска“ денес на в.д. директорката на Општа болница со проширена дејност Кочани и врачија комбинирана маса за вежбање за потребите на медицинската рехабилитација, како и 200…
