Последни вести

ПРОФЕСИОНАЛНОСТА НА ВИСОКО НИВО

Последните денови од сега веќе минатата 2024 година добивме писмо од наш читател, односно читателка, но поради содржината решивме да го објавиме токму денес, во првиот ден од новата година за да народски кажано годината ни започне со убаво. Нашиот читател кој е привремено со престој во странство ни испрати допис кој ви го пренесуваме…

СРЕЌНА НОВА 2025 ГОДИНА

Почитувани, На прагот сме на 2025 година во која ви посакувавме добро здравје, среќа, радост и насмевки на лицата. Да Ви биде годината што доаѓа поубава од годината на заминување, да имате здравје и бериќет. СРЕЌНА  ВИ  НОВА  2025  ГОДИНА Со почит, www.komarec.com.mk КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  

ОГЛАС: СЕ ПРОДАВА ПЛАЦ ВО НАСЕЛБАТА „ПРОКАРКА“

Се продава плац во населбата „Прокарка“. Плацот зафаќа површина од 910,59 м² и е до самиот пат на населбата. Телефони за контакт: Вибер (Италија):  0039-348 296 7442 Мобилен (Македонија): 076 445-534 КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ

КРСТЕ КРСТЕВ ГО ПРЕЗЕДЕ РАКОВОДЕЊЕТО СО „ОСОГОВО“

Претпоследниот ден од годината на заминување донесе неколку новини кога е во прашање ГФК „осогово“од Кочани. Имено на синоќешната средба а по понудените оставки на Перо Георгиевски – директор на клубот и Александар Андов – Претседател, некогашниот тренер на „Осогово“ Крсте Крстев го презеде раководење на еден од најстарите клубови во земјата, клуб со голема…

НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД КОЧАНСКИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА

Ученици од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ ја испратија 2024 година со новогодишна дружба со Дедо Мраз и со градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, кој посакувајќи им добро здравје, многу радост и успеси во претстојната 2025 година, им додели пакетчиња. Во соработка со приватниот сектор, во предновогодишниов период Општина Кочани обезбеди пакетчиња на ученици…

ФА „ЉУПЧО САНТОВ“ ГО ОДРЖА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ

Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари по 23. пат го одржа новогодишниот концерт. Пред многубројната публика во салата во Оризари, членовите на ФА „Љупчо Сантов“ се претставија со разновидна програма – инструментална изведба на тапани, песни и ора. Премиерно беше изведен фрагмент од орото Малешевка, а концертот заврши со орото Комитска легенда. ФА „Љупчо Сантов“…

ДВАЕСЕТ И ТРОЈЦА СТИПЕНДИСТИ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ГИ ПОТПИШАА ДОГОВОРИТЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА

Дваесет и тројца студенти од Кочани денеска ги потпишаа договорите со Општина Кочани за користење на општинска стипендија за академската 2024/2025 година. Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов им ги додели договорите на студентите при што им посака успех во понатамошното студирање. „Се надеваме дека општинската стипендија е добра мотивација и поддршка за да постигнувате…

УСПЕШНО ОРГАНИЗИРАНА ХУМАНИТАРНА НОВОГОДИШНА АКЦИЈА НА ОК НА ВМРО ДПМНЕ – КОЧАНИ

Хуманитарната акција која ја организираше ОК ба ВМРО ДПМНЕ – Кочани на радост на сите учесници помина повеќе од успешно. „Многу донации, многу насмеани лица со единствена цел да насмееме и израдуваме што повеќе наши сограѓани на кои навистина им се потребни овие артикли во пресрет на Новата 2025 година“ рекоа дел од организаторите на…

ЗАВРШИ РЕХАБИЛИТАЦИЈАТА НА ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ ПРЕМИН КАЈ ПОДЛОГ

Општина Кочани и ЈП Македонски железници ја завршија рехабилитацијата на горниот строј на пругата Велес – Кочани, на патниот премин кај Подлог. Со цел да се олесни минувањето на возилата, да се зголеми безбедноста и да се забрза протокот на сообраќајот, Општина Кочани изведе и градежни работи за негово проширување. Претходно се рехабилитираа и се…

СЕ АСФАЛТИРА УЛИЦАТА „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“

Се асфалтира улицата „Борис Трајковски“, со што привршува нејзината рехабилитација во должина од 785 м. Градежните активности опфатија и реконструкција на тротоарите од двете страни со поставени нови улични рабници. При уредувањето на пешачката површина беше поставена подземна електрична инсталација. Изведувач на работите е градежната фирма „Ескаваторе“, надзор – „Геинг“, а инвеститор е Министерството за…