Последни вести

ВЕЛЕШКАТА ПОЛИЦИЈА ЧЕТВОРИЦА ЛИШИЛА ОД СЛОБОДА МЕЃУ КОИ И ЕДЕН КОЧАНЧАНЕЦ

На 26.07.2023 во 13.50 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Ѓ.П.(54) од село Ореше, општина Чашка, И.М.(47) од Струмица, Х.М.(37) од Кочани и Р.Г.(46) од село Богомила, општина Чашка. По претходни сознанија и преземени мерки и активности, полициски службеници извршиле преглед во патничките возила „рено сеник“ со кочански регистарски ознаки, управувано…

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ПРАЗНИЧНО ДЕФИЛЕ ЗА „ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ 2023“

По повод одржувањето на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз 2023“ од 29 септември до 01 октомври, оваа година како дел од богатата програмска содржина ќе се организира и Празнично дефиле. За таа цел, Општина Кочани упатува ПОВИК до сите јавни институции, приватни фирми, здруженија на граѓани и сите останати заинтересирани да земат учество во дефилето…

К О Н К У Р С

К О Н К У Р С за учество во Изборот на жетварска убавица 2023 Општина Кочани распиша конкурс за избор на жетварска убавица во манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз 2023“. На  конкурсот  може да  се  пријават девојки кои се жители на општина Кочани и се на возраст од 16 до 20 години. Општинската администрација…

КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ЦРВЕН КРСТ – КОЧАНИ

Во организација на Црвен крст на  Р. С. Македонија – Општинска организација Кочани, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Штип, денеска во просториите на Црвениот крст се одржа редовната јулска крводарителска акција наменета за граѓанството. На акцијата крв даруваа 32 крводарител од кои 10 до 30 годишна возраст и двајца првократни дарители. Акцијата…

ИЗЛЕТАЛ СО ВОЗИЛОТО ОД КОЛОВОЗОТ И СЕ ЗДОБИЛ СО ТЕШКИ ТЕЛЕСНИ ПОВРЕДИ

На 26.07.2023 во 15.37 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на магистралниот пат Кочани-Штип, кај с.Тркање, кочанско, патничко возило ,,форд фокус“ со кочански регистарски ознаки, управувано од А.Т.(21) од с.Облешево, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Т., констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна…

ВО САБОТА РЕВИЈАЛЕН НАТПРЕВАР НА ВЕТЕРАНИТЕ НА ФК „МЛАДОСТ“ ОД ОРИЗАРИ

По повод Илинден и доаѓањето на нашите иселеници од странство, во Сабота со почеток во 18:00 часот на фудбалскиот терен покрај Масалница закажан е традиционалниот ревијален фудбалски натпревар на ветераните на ФК „Младост“ од Оризари. После одигрувањето на натпреварот дружењето ќе продолжи со седенка кај Боки. Учеството за заедничкото дружење изнесува 400,00 денари. Се гледаме….

ЗА ПОСЛЕДНИОТ ДЕН ОД МЕСЕЦ ЈУЛИ ЗАКАЖАНА 31-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ

В понеделник, на 31 јули, со почеток во 12 ч. во салата на Мултикултурниот центар во Кочани, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 31. седница, на чиј предлог-дневен ред се следниве точки: Годишен план за вработување на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани за 2024 година Предлог-програма за работа на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“…

ИЗВАДЕНО БЕЗЖИВОТНОТО ТЕЛО ОД КАНАЛОТ КАЈ ОРИЗАРИ

На 25.07.2023 во 18.05 часот во СВР Штип било пријавено дека во вода во канал за наводнување во близина на населбата Оризари, кочанско, била пронајдена почината С.А.(77) од Оризари, за која на 24.07.2023 беше пријавено дека се оддалечила од домот. Екипа на Територијланата противпожарна единица го извадила телото, а смрт без траги насилство констатирал лекар…

ПРОНАЈДЕНО БЕЗЖИВОТНО ТЕЛО ВО КАНАЛОТ КАЈ ОРИЗАРИ

Како што дознаваме пред околу еден час е пронајдено безживотно тело на лице во каналот за наводнување во близина на Оризари. На лице место е излезена Медицинска екипа, екипа од Територијалната противпожарна единица – Кочани а моментно се чека пристигнувањето на полицијата и на јавен обвинител. За подетални информации, подоцна. С.  Ивановски КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА …

РЕАКЦИЈА ОД ЖИТЕЛИТЕ НА НЕКОЛКУ СЕЛА ПОРАДИ НЕДОСТИГ НА ВОДА

Група граѓани ни доставија писмена објава поради проблемот што го имаат со водоснабдувањето по воие пеколни горештини. Истиот го објавуваме во целост „Здраво ние како поголема група на граѓани имаме голем проблем што трае веќе со денови. Заради надополнување на градскиот базен селата долни и горни Подлог, Мојанци, Бања и пола Тркање сме без вода…