Последни вести

ФА „ЉУПЧО САНТОВ“ ОД ОРИЗАРИ ЈА ЗАВРШИ ТУРНЕЈАТА ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

Од 06-11ти јули Фолклорниот Ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари беше на турнеа во Босна и Херцеговина на покана од долгодишните пријатели од Младинскиот културен центар Босна Арт од Стјепан Поље, Грачаница кои беа организатори на Х-та Интернационална фолклорна смотра. Ансамблот имаше настап и на Фолклорна смотра Добој 2023 која се одржа на тврдината во истоимениот…

ВНИМАНИЕ СО ПАЛЕЊЕТО ОГНОВИ

Поради високите температури кои ќе ги има и во наредниот период  од Територијалната Противпожарна служба – Кочани, апелираат: „Апелираме до сите граѓани да се стрпат со палењето на огнови. Ова посебно се однесува во шумските предели, излетничките места и полињата. Се најавува дека овој топлотен бран ќе потрае подолг период па пожелно би било да…

ПЕТРОВДЕНСКИ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ – 21. ИЗДАНИЕ ЗА ЕКИПАТА НА „АУТО ВЕЛТ“

Вечерва на повеќенаменското игралиште во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ со одигрувањето на малото и големо финали и официјално се спушти завесата на годинешното 21. издание на Петровденскиот турнир во мал фудбал. Победни и освојувач на наградниот фонд од 60.000 денари и порипана на екипата на „Ауто велт“ која во доста интересен но на моменти…

МАРАТОНЕЦОТ БОШКО ИЛИЕВ ТРЕТПАТ ГО ПРЕПЛИВА ЕЗЕРОТО ГРАТЧЕ

По повод Петровден, кавадарчанецот Бошко Илиев, доктор специјалист по спортска медицина, пливаше во вештачката акумулација Гратче. Годинава на маратонецот Илиев му се придружија и професори по физичко од Кочани, а техничка поддршка му дадоа службите од Дирекција за заштита и спасување и од СЗР „Кочански рибар“. – Намерата  ми е да го промовирам пливањето како…

ПО ПОВОД ПЕТРОВДЕН – НАГРАДЕНИ НАЈУСПЕШНИТЕ УЧЕНИЦИ ВО КОЧАНИ

Во рамките на одбележувањето на Петровден, празникот на Кочани, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов организираше прием за првенците на генерацијата од основните и од средните училишта во Кочани и за учениците што добиле награди на државните и на меѓународните акредитирани натпревари. Во своето обраќање градоначалникот им ги честита на учениците постигнатите резултати, пренесувајќи дека…

РЕАКЦИЈА ОД УПРАВАТА НА ГФК “ОСОГОВО“ НА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА ЕФТИМ АКСЕНТИЕВ

Почитувани, По повод прес конфернцијата на досегашниот тренер на ГФК Осогово Ефтим Аксентиев како клуб сакаме да ја изнесеме и нашата страна и вистина за да јавноста има јасна слика за тоа кој ја зборува вистината бидејќи како клуб секогаш сме биле транспарентни за се што се случува во нашиот градски меленик ГФК Осогово. Па…

ЈОУ БИБЛИОТЕКА ИСКРА – НАЈАВА НА ПРОМОЦИЈА НА ПОЕТСКА ЗБИРКА „МЕТРИЧКИ КАРВАН“

Во склоп на програмата на Општина Кочани, по повод Петровден, 13.07.2023 година (четврток), во 19 часот во Мултикултурниот центар (големата сала, приземје), ќе биде промовирано 10-то јубилејно издание ,поетската збирка „Метрички карван“ во издание на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија. Станува збор за збирка поезија во која секоја година земаат учество гевгелиските автори со…

ПРИ ПРЕТРЕС ВО КОЧАНСКО, ПРОНАЈДЕНИ ОРУЖЈЕ И МУНИЦИЈА

На 11.07.2023, полициски службеници од Полициската станица Кочани ги лишиле од слобода Д.С.(78), Ј.С.(78) и Д.М.(61) сите од Кочани. При претрес во домот на Д.С. и Ј. С. Во Кочани, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пушка „Црвена застава“, пиштол „Црвена застава“, повеќе куршуми различен калибар, оптички нишан и други предмети. Додека при…

ШЕФОТ НА СТРУЧНИОТ ШТАБ НА „ОСОГОВО“ ЕФТИМ АКСЕНТИЕВ СИ ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА

Само пет дена по почетокот на подготовките за Втората Фудбалска Лига, Шефот на стручниот штаб на „Осогово“ Ефтим Аксентиев си поднесе неотповиклива оставка. На прес конференцијата што ја одржа денес Аксентиев како причина за поднесената оставка акцентот го става лошите услови за работа на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани. „Денес одлучив и еве јавно изјавувам…

ДУХОВНА АКАДЕМИЈА ПО ПОВОД ПЕТРОВДЕН

Во организација на Општина Кочани, во рамките на програмата за одбележување на празникот Петровден, во салата на Мултикултурниот центар во Кочани се одржа Духовна академија. Пред многубројната публика настапија ученици од класата за традициски инструменти од ОМУ „Ристо Јуруков“ Кочани со нивниот наставник Виктор Постолов. Духовна музика интерпретираа женскиот хор „Света Лидија Македонска“ и машкиот…