Последни вести

СТАРТУВАШЕ ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК

Со одигрувањето на петте натпревари и официјално започна првенството во Трета Фудбалска Лига – Исток. Во првото коло три победи забележаа домаќините додека на два натпревар гостите ги освоија трите бода. Натпреварот во Зрновци, односно Дојран  заврши со победа на гостинските екипи, додека на натпреварите во Свети Николе, Пробиштип и Пирава се радуваа домаќините. Резултати…

КОШАРКАТА ВО КОЧАНИ НЕ СМЕЕ ДА ЗГАСНЕ – САЛАТА МОРА ДА СЕ РЕНОВИРА!

Деновиве Кошаркарската федерација на Македонија направи увид во спортската сала во Кочани, исто како што тоа го направи и во сите сали низ државата. Федерацијата професионално си ја заврши својата работа – и вистината излезе на виделина: нашата сала не ги исполнува ниту 50% од условите за натпреварување во Прва лига. Да биде јасно: ФЕДЕРАЦИЈАТА…

ШКОЛА ЗА ГИТАРА „SOUND CENTЕR“ ВРШИ УПИС НА УЧЕНИЦИ

Школа за гитара „Sound Centеr“ врши уписи на ученици Школата за гитара „Sound Centar“ врши уписи на ученици за изучување на гитара и ударни инструменти. Индивидуална или групна настава за: Акустична гитара Електрична гитара Бас гитара Ударни инструменти Соло пеење Наставата за гитара ја води Воислав Петров. Училиштето се наоѓа во склоп на Спортската сала…

ВЛАДО ЈАНЕВСКИ ГО ОДРЖА КОНЦЕРТОТ НА „СПОМЕНИКОТ НА СЛОБОДАТА“

По повод Денот на ослободувањето на Кочани, 7 Септември и Денот на независноста на Македонија, 8 Септември, на Споменикот на слободата во Кочани концерт одржа македонската поп-ѕвезда Владо Јаневски. Многубројната публика имаше можност да ја проследи и да ужива во музиката и во лириката од богатиот опус на Јаневски. Во тридецениската музичка кариера Владо Јаневски…

ПОРАДИ ЗАКАНИ КОЧАНЧАНЕЦ ЛИШЕН ОД СЛОБОДА

На 07.09.2025 во 00:40 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Б.А.(27) од Кочани, по претходна пријава од Д.К.(58) од Кочани, дека додека била на своето работно место во бурекчилница во Кочани, Б.А. упатувал закани кон неа и кон нејзиниот колега. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Дневен билтен…

ПОРАДИ ЗАКАНИ СО ОГНЕНО ОРУЖЈЕ ЖИТЕЛ ОД СЕЛО ДОЛНИ ПОДЛОГ ЛИШЕН ОД СЛОБОДА

На 07.09.2025 во 23:30 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Р.Т.(46) од с.Долни Полог, кочанско, по претходна пријава од Ј.К.(76) од с.Долни Полог, дека околу 19:00 часот во истото село, Р.Т. со огнено оружје му се заканувал на пријавителот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Дневен билтен на МВР…

ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЗА ЖЕНИ, ВО КОЧАНИ ФАВОРИТОТ СПАСУВАШЕ БОД

Се одиграа натпреварите од 3-тото коло во Прва Фудбалска Лига за жени. На петте натпревари постигнати се 26 погодоци или просек по 5,2 по натпревар. Во Кочани истоимениот клуб дојде до првиот бод по враќањето од второлигашкото друштво. Кочанчанки на двапати водеа против изразитиот фаворит но девојчињата од „Ас Јунајтед“ на двапати го израмнија резултатот…

НЕ Е ОВА САМО ОД СЕБЕ, ПРИЧИНАТА Е ЧОВЕЧКИОТ ФАКТОР

Ова на фотографиите се скалите кои од блокот Б во Градскиот Трговски Центар водат кон плочникот кај фонтаната. Од фотографиите се гледа дека скалите на нивните ивици се доста оштетени. Оштетувањето не може само од себе да биде, се гледа дека главен виновник е човечкиот фактор. Истовар на роба со колички, возење на скироли и…

А1 МАКЕДОНИЈА ВО ПАРТНЕРСТВО СО „САПОРТ КОЧАНИ“ ГО ОТВОРИЈА МЛАДИНСКИОТ ЦЕНТАР „ГНЕЗДО“

А1 Македонија во партнерство со „Сапорт Кочани“ во петокот го отворија Младинскиот Центар „Гнездо“ што претставува еден вид безбеден простор за младите и нивните семејства кои по немилиот настан од 16. Март имаат потреба од долгорочна психосоцијална поддршка. Центарот ќе овозможи пристап до професионални психолошки услуги, работилници и други активности за младите од Кочани се…

МОТОЦИКЛИСТ СЕ ЗДОБИЛ СО ПОВРЕДИ ОТКАКО УДРИЛ ВО ПАРКИРАНО ВОЗИЛО

На 05.09.2025 во 16:37 часот во ОВР Кочани, било пријавено дека на ул. „Роза Петрова“ во Кочани, 21-годишниот К.С. од с.Оризари, кочанско, управувајќи мотоцикл „хонда“, удрил во паркирано патничко возило „опел“ со штипски регистарски ознаки, паркирано од О.Г.(55) од Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“…