ВЕТЕНОТО ОСТВАРЕНО, „ОСОГОВО“ НЕПОРАЗЕНО ВО ГЕВГЕЛИЈА

Во Спорт
ноември 8, 2025
1 минути

Она што играчите и Стручниот штаб на „Осогово“ го ветија пред натпреварот против „Кожуф“ во Гевгелија, го остварија. Најавија дека ќе отпатуваат без бело знаме и според играта што ја прикажаа заслужено дојдоа до посакуваниот бод.

„Жетварите“ одиграа храбро, борбено и рационално, иако домаќините беа тие што повеќе се обидуваа да дојдат до погодок , кочанчани пак со добра игра на средината на теренот, цврстата одбрана и посебно со влегувањето во игра на Драган Паунов беа опасни во против нападите. Кога се ќе се собере реална поделба на бодовите.

Во Неготино домаќините долго време имаа водство но лидерот на табелата за само петнаесетина минути го свртеа резултатот во негова полза.

Во Македонска Каменица како по некое непишано правило, домаќините поведоа со 2:0 но дозволија во последните пет минути да примат два погодока и на крајот да жалат за двата бода. Во Новаци истоимениот клуб беше преголем „залак“ за младата екипа на „Слога 1934“

Во дерби натпреварот на дебитантите во лигата „Преспа“ се покажа како подобар противник и заслужено дојде до трите бода исто како и „Охрид“ во натпреварот против „Скопје“.

Во Штип, во дерби на колото триумф на гостите од Струмица. На 15’ пред крајот на натпреварот домаќините не реализираа удар од белата точка по што следуваше казна, па бодовите заминаа за Струмица..

Резултати од 12-тото коло:

Кожуф – Осогово  0:0

Тетекс – Победа  1:0

Вардар (Н) – Шкендија (А)  1:2

Брегалница – Беласица  0:1

Новаци – Слога  4:0

Каменица Саса – Детонит Плачковица  2:2

Преспа – Големо Коњари  4:2

Охрид – Скопје  1:0

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ