Почитувани сограѓани,
Промените во Општина Кочани дојдоа на голема врата, но за жал проектите никаде ги нема!
Во Општинскиот Буџет, нема пари за нови инвестиции! Прашање на време е дали ке има доволно за да се завршат веке започнатите. Тоа што беше пракса за зголемување на капиталните инвестиции во последните 4 години, за само 2 месеци се сруши како кула од карти. Во буџетот на Општина Кочани за 2022 година, има планирано 50% помалку капитални инвестиции од реализираните во 2021 година.
Тоа значи дека освен започнатите проекти од претходното раководство , нови проекти во 2022 година скоро и да нема.
За жал политиката за рамномерен-локален развој се напушта веднаш. Во буџетот за 2022 година нема планирано ниту една улица во с.Тркање, с.Горни Подлог, с.Долни Подлог, с.Мојанци, с.Прибачево, с.Бели и с.Панелеј. Ке се градат по една улица во с.Оризари и с.Грдовци кој изведувач е избран ушете пред 4 месеци од претходното раководство, а од необјасливи причини сеуште не се започнати. Развојот на селата не е во фокусот на сегашното раководство. Да не заборавиме дека за само 4 години од 2018 до 2021 се изградени повеке од 30 улици и патишта во рурани предели. Вредноста на улицата на сегашниот претседател на совет во н.Оризари која се изгради во 2018 година, е поголема од целиот буџет за сите села во 2022 година.
Во буџетот во 2022 година, нема планирано ниту една улица и во населбата Усова Чешма, населба во која беше евидентен развојот во последните четири години. Нама да се гради ниту во населбата Трајаново Трло, а исто така нема пари и за изгради и реконструкции во улици во Ромско Маало. Развој на инфраструктура во мало стопанство и индустриски дел никој ни не спомнува.
Нема планирано пари ниту за десниот крак од улицата Ленинова и се поставува прашањето дали истата ке се заврши со потребниот квалитет.
Во буџетот нема планирано ниту еден проект или активност од одржаната јавна распава со граганите, па се поставува прашањето која е функцијата на јавната расправа.
Како да заборавија кога пред неполни 3 месеци се ветуваа спортски сали, два сообракајни моста на Кочанска Река, парк на Лукубија, катни гражи, булевари и нови собракајни решенија.
НЕ ги потценувајте граѓаните! Тие бараат развојот на Кочани да продолжи со иста динамика како што се развиваше изминатите четири години.
Со почит,
ОО СДСМ Кочани