ВО ЧЕТВРТОК ИЗЛОЖБА „ВИЗИИ – ГЛАВА ПОЛНА СО ЛУЃЕ“, РОДОЉУБ АНАСТАСОВ ЗА ПРВ ПАТ ВО КОЧАНИ

јуни 10, 2024
1 минути

Музејот на град Скопје во соработка со НУ- Центарот за култура „Бели мугри”- Кочани , на 13.06. 2024 година, в четврток со почеток во 12.00 часот, во салон „Фоаје 1“ ќе има особена чест, пред јавноста во Кочани да ја претстави изложбата „ВИЗИИ – Глава полна со луѓе“ со дела од доајенот на македонското сликарство, Родољуб Анастасов.

Во организација на Јасминка Намичева, автор на неформалната мрежа на музеи –Музеум Линк, ова претставување на изложбата е веќе на патување по музеите надвор од Скопје.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ