ВО ЧЕТВРТОК ВО 08:00 ЧАСОТ ВО ХРАМОТ „СВ. ВМЧ ГЕОРГИЈ“ ЌЕ СЕ ОТСЛУЖИ ЗАУПОКОЕНА ЛИТУРГИЈА

април 22, 2025
0 минути

Пред малку на својот ФБ профил Отец  Димитар  Арсовски објави:

Во четврток се исполнуваат четириесет дена од трагедијата во која животот го загубија нашите сограѓани.

По тој повод во четврток со почеток во 08.00 часот во нашиот храм ќе се отслужи Заупокоена Литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на кочанското братство.

Ги повикуваме сите верници на молитвен собор да ги упатиме нашите молитви кон Троединиот Бог за упокоение на нашите најмили кои не се веќе со нас.

Верниците кои сакаат да земат молитвено учество ги замолуваме предните места да ги отстапат на родителите на упокоените дечиња.

Христос воскресна!

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ