ВО КОЧАНИ СЕ ОДРЖА МЕЃУНАРОДЕН НАТПРЕВАР ВО ПРОТИВОПОЖАРНИ ИГРИ

септември 20, 2025
1 минути

По повод четиригодишнината од своето постоење, денес на Спортско Рекреативниот Центар „Бавчалук“ во Кочани  Доброволното Противпожарно Друштво „Кочани“ организираше „Меѓународен натпревар во противпожарни игри.

Освен домаќинот ПДП – Кочани на натпреварувањето се појавија и противпожарни друштва од Словенија, Србија, Бугарија, Хрватска како и неколку други од Македонија.

По едноминутното молчење во знак на почит кон настраданите во дискотеката „Пулс“ и интонирањето на Македонската Химна, натпреварувањето за отворено го прогласи Стојанче Ангелов.

Самото натпреварување започна со учество на млади пожарникари од основните училишта од општините Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево кои низ тактовите на музиката одиграа неколку музички нумери.

По пуштањето на 62 бели балони натпреварувачите добија пауза а потоа го започнаа натпреварувањето во кое екипите се натпреваруваа на четири различни полигони,

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ