СО ДВЕ КОМБИНАЦИИ ОД 40,00 ДЕНАРИ ДО ДОБИВКА ОД 440.000 ЕВРА

февруари 10, 2022
1 минути

Неполни 24 часа по извлечените броеви од 11-тото коло на играта на среќа „Лото 37“ што ја организира Државната лотарија и добиената седумка почнаа да излегуваат и првите сознанија.

Тикетот е уплатен во „Балила 1“ во Кочани или киоскот „Кај Џајката“. Тикетот има две комбинации со вкупна вредност од 40,00 денари кои на среќното семејство му донеле  27.385.728 денари или околу 440.000 евра.

Според информациите премијата чии добитници се од Кочани е во вистински раце а се работи за скромно семејство кое секогаш кога ќе имало можност уплаќало по две комбинации.

Нека им е со среќа добивката и само за убави нешта да си ги трошат парите.

С. Ивановски