На 26.04.2024 во 12.00 часот во ОВР Кочани, сопственик на менувачница во Кочани пријавил дека на околу 11.45 часот во менувачницата, едно лице за проверка дало 6 (шест) сомнителни банкноти, од кои една банкнота во апоени од 100 евра и 5 банкноти во апоени од по 50 евра. Полициски службеници од ОВР Кочани ги одзеле сомнителните банкноти за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.
Соопштение на СВР Штип
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ