ОТКРИЕНА СПОМЕН БИСТА НА ПАТРОНОТ НА ОУ „НИКОЛА КАРЕВ“

април 27, 2024
0 минути

Со положување на свежо цвеќе пред споменикот на Никола Карев во „Паркот на Револуцијата“ во Кочани денес започна чествувањето на патронот на ОУ „Никола Карев“ – Кочани.

Делегации од Локалната самоуправа, од училиштето „Никола Карев“, од Сојузот на борци од НОВ, од ВМРО ДПМЕ како и од ветераните од ОК ВМРО ДПМНЕ – Кочани положија свежо цвеќе од каде сите заминаа во дворот на училиштето за да на свечен начин биде откриена бистата на Претседателот на Крушевската Република, воедно и патронот на училиштето „Никола Карев“.

По интонирањето на химната на Република Македонија од страна на училишниот хор и по поздравното обраќање честа бистата да биде откриена ја имаа Љупчо Папазов – Градоначалник на Општина Кочани и  Александар Андов – Директор на ОУ „Никола Карев“ – Кочани.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ