ВО НУЦК „БЕЛИ МУГРИ“ ВО КОЧАНИ ВЕЧЕРВА БЕШЕ ОТВОРЕНО 61 ИЗДАНИЕ НА ДАФ

мај 20, 2024
1 минути

Со претставата „Вечера за глупаци“ во изведба на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ од Велес, вечерва во Кочани и официјално започна 61 издание на ДАФ (Драмски Аматерски Фестивал).

Фестивалот го отвори и за неговото значење за културниот живот во Кочани и во Македонија свое обраќање имаше Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, а поздравно обраќање пред публиката имаше Кристина Атанасова Арсова – директор на ДАФ.

На годинешниот фестивал ќе бидат изведени 17 претстави од кои 4 од Република Србија. Културните работници од Кочани годинава не му подарија претстава на фестивалот.

Во наредните пет дена ќе бидат изведувани по три претстави од кои една на пладне а по две во вечерашните термини.

Фестивалот својата завршница ќе ја има во сабота на 25 Мај кога ќе бидат доделени осумте награди на најуспешните:најдобра женска главна улога, најдобра женска епизодна улога, најдобра машка главна улога, најдобра машка епизодна улога, најдобра режија, најдобра претстава во категоријата Театар за деца и младинци, најдобра претстава во истражувањето на нови сценски изразни средства и експеримент во аматерскиот театар, како и Гран-при наградата „Васил Ќортошев“.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ