ВО ОПОЖАРЕНА КУЌА ВО НАСЕЛБА ОРИЗАРИ ЕДНО ЛИЦЕ ГО ЗАГУБИЛО ЖИВОТОТ

март 7, 2023
1 min read

Во опожарена куќа во населбата Оризари едно лице го загубило животот.

Територијалната Противпожарна Единица денес во 09:52 часот добила дојава за опожарена куќа во населбата Оризари. Интервенирано е со 2 возила и 3 пожарникари, но како постоела опасност пожарот да се прошири и на околните куќи на помош се повикани уште 1 возило и 2 пожарникари.

При интервенцијата на гаснење на пожарот било забележано лице во куќата кое не давало  знаци за живот.

Повикана е Итна медицинска помош а увид на местото на настанот направиле полициски екипи од ОВР Кочани и и Јавен обвинител.

Пожарот е целосно изгаснат во 11:45 часот.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ