ВО ПОНЕДЕЛНИК АВИОНСКО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО КОЧАНИ И КОЧАНСКО

јуни 24, 2026
0 минути

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, заради спроведување превентивна систематска дезинсекција на територијата на Општина Кочани, како општа противепидемиска мерка, в петок, на 26 јуни 2026 г., во утринските часови, почнувајќи од 5 ч., стручни екипи од Друштвото за воздушен транспорт Аероклуб – Скопје ќе ја спроведат првата фаза од авионското третирање против комарци во Кочанско. 

Прскањето против комарци ќе се врши со еколошко средство за уништување комарци – широкопојасен инсектицид одобрен од Бирото за лекови.

Граѓаните што одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки.

При неповолни временските услови (ветер, дожд) третирањето ќе се одложи за следниот ден.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ