ВО ПРВАТА СЕДМИЦА ОД МЕСЕЦ ЈУЛИ „ОСОГОВО“ ЌЕ СТАРТУВА СО ПОДГОТОВКИТЕ

Во Спорт
јуни 23, 2024
1 минути

Како што дознаваме кочанскиот второлигаш „Осогово“ во првата седмица од месец Јули ќе ги започне подготовките за претстојното првенство во втората лига кое што треба да стартува на 10-ти Август.

Според челните луѓе на „Осогово“ планирано е да се задржи составот кој настапуваше во пролетниот дел од првенството со најмалку три засилувања во сите линии на тимот.

Во кулоарите може да се слушне дека ќе има  промена на стручниот штаб и во играчкиот кадар, но од сигурни извори на клубот дознаваме дека се се тоа обични шпекулации на одредени поединци и дека екипата со зголемување на буџетот нема да дозволи да и се повтори минатата сезона кога дури во последното коло го обезбеди опстанокот во второлигашката конкуренција.

За потсетување само дека минатото првенство токму лошиот старт во првенството го доведе „Осогово“ во позиција цело првенство да се бори за опстанок во лигата. Во минатото првенство во првите пет кола од кои три на домашен терен „жетварите“ претрпеа исто толку порази.

Беше, да не се повтори.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ