ВО ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПЕТИЦИЈАТА СОБРАНИ 1.800 ПОТПИСИ!

октомври 2, 2023
0 минути

За само една седмица се собрани 1800 потписи за Петицијата “НЕ на родовата идеологија во училиштата и актите и документите во Општина Кочани”.

Кочанчани со оваа голема поддршка на Петицијата покажаа колку силно и одлучно се спротивставуваат на ова зло со кое родовите идеолози и пропагандасти сакаат да ни ги одземат традиционалните семејни вредности и воспостават општество на изместени вредности. Кочани не отстапува од борбата на фронтот.

За животот, здравјето, среќата и образованието на децата имаат право да одлучуваат само родителите. Исклучиво родителите имаат право во своите деца да ги всадат нашите традиционални семејни вредности, без било кој да ги нарушува тие критериуми кои ни се поставени како наш светоглед и пат, пат по кој оделе нашите родители, пат по кој сега ние одиме, а сакаме да чекорат и нашите деца.

Примерите од другите земји за деструктивноста на родовата идеологија да ни биде за поука и да не дозволиме тоа да се воведе и кај нас бидејќи нашите деца не се ничии екпериментални глувци.

Ве повикуваме сите да ја потпишете Петицијата против родовата идеологија во училиштата, актите и програмите на општина Кочани. Потписи ќе се собираат и во наредните денови во градскиот трговски центар од 17:00 часот ,

Ве очекуваме.

За НашитеДеца

Ненад Стојанов,

претставник од здружението

„Родителски фронт“

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ