По десет години пауза конечно Кочани ќе може да биде домаќин на Државно првенство во борење. Имено во Сабота и Недела „градот на оризот“ ќе биде центар на борењето во Македонија поради одржувањето на Државното првенство за пионери/ки У-15 и јуниори/ки У-20.
Организатор на Државното првенство е Боречката Федерација на Република Северна Македонија а технички организатор е БК „Спартак“ од Кочани.
Во Сабота на програмата се натпреварите од Државното првенство во борење слободен стил за јуниори/ки У-20 на кое право на настап ќе имаат борачи/ки родени 2002, 2003, 2004 и со специјален лекарски преглед родени 2005 година. И момчињата и девојчињата ќе се натпреваруваат во 10 категории. Натпреварите започнуваат во 11:00 часот.
Во Недела со почеток во 11:00 часот закажани се натпреварите од Државното првенство во борење слободен стил за пионери/ки У-15 на кое право на настап имаат борачи/ки родени 2007 и 2008 и со специјален лекарски преглед родени 2009 година. Натпреварувачите ќе ги одмерат силите во 11 категории.
С. Ивановски