Во знак на сеќавање на една од најголемите шаховски легенди во Кочани, ШК „Кочани“ во Сабота ќе го организира првиот Меморијален шаховски турнир „Тодор Милосиев – Тошо“.
Долгогодишниот активен шахист а подоцна и Претседател на шаховскиот клуб од Кочани остави длабоки траги во оваа древна игра во „градот на оризот“.
Милосиев како љубител и активен учесник во шахот усмери многу млади дечиња на вистинскиот пат а на неколку млади шахисти им ги трасира шаховските патеки по кои тие со гордост денес чекорат.
Пријавувањето на заинтересирани шахисти кои имаат желба да бидат дел од овој турнир е во тек а истиот ќе се одржи во просториите на ШК „Кочани“ во Сабота со почеток во 11:00 часот.
С. Ивановски