ВО СООБРАЌАЈКА НА МАГИСТРАЛНИОТ ПАТ ЕДНО ЛИЦЕ ГО ЗАГУБИЛО ЖИВОТОТ

септември 21, 2024
1 min read

Денеска (21.09.2024) во ОВР Кочани било пријавено дека околу 08.00 часот на магистралниот пат Штип – Кочани, кај с.Тркање, кочанско, патничко возило „опел астра“ со кочански регистарски ознаки, управувано од К.А.(26) од с.Облешево, кочански, удрило во пешакот С.С.(56) од с.Теранци, кочанско. Од здобиените повреди пешакот С.С. починал на местото, а лекар констатирал смрт. Увид извршила екипа од ОВР Кочани.

ИЗВОР: Дневен билтен на МВР

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ