ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА КАЈ СЕЛО ТРКАЊЕ, ТЕШКО ПОВРЕДЕН 19 ГОДИШЕН, МОТОЦИКЛИСТ

јули 13, 2023
1 минути

На 12.07.2023 во 21.50 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на патот Штип – Кочани, кај с.Тркање, кочанско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со кочански регистарски ознаки, управуван од Д.С.(19) од с.Тркање и патничко возило „ауди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(19) од с.Крупиште- општина Карбинци.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Општата болница Кочани.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

ИЗВОР: Дневни билтени на МВР

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ