ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА, „ОСОГОВО“ ГО ПРЕЧЕКУВА „АРЕСИМИ“

Во Спорт
октомври 17, 2024
1 минути

По пауза од една седмица поради обврските на фудбалските репрезентации, во Сабота со почеток во 14:00 часот продолжуваат натпреварите од Втора Фудбалска Лига.

На програмата се неколку интересни натпревари но вниманието на кочанската фудбалска јавност го привлекува натпреварот кој што ќе се одигра на стадионот „Никола Мантов“ каде „Осогово“ ќе и биде домаќин на мошне добрата екипа на !Аресими“. Минатата сезона на двата натпревари немаше победник, во Кочани натпреварот заврши 1:1, а како гости „жетварите“ одиграа 2:2. Но сега е ново првенство а бодовите на кочанчани и те како им се потребни.

Двојки за 8-то коло:

Осогово – Аресими

Вардар – Победа

Новаци – Башкими

Каменица Саса – Охрид

Вардарски – Беласица

Скопје – Македонија ГП

Кожуф – Борец

Детонит Плачковица – Брегалница

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ