Утре (Сабота) со почеток во 13:00 часот се играат натпреварите од 9-тото коло во Втора Фудбалска Лига.
На пшрограмата се неколку интересни натпревари, но сепак вниманието на љубителите на фудбалот во Кочани а посебно на навивачите на „Осогово“ е свртено кон Струмица каде Кочанчани и гостуваат на „беласица“.
„Осогово“ во изминатите кола на петте средби како домаќин загуби 11 бода и сега дел од нив а ако им се пружи шанса и сите ќе ги бара во Струмица. Саботниот резултат од претходното коло внесе доста немир во редовите на „жолто-сините“, но тоа е фудбалот и мора да се гледа напред, она што било треба што побргу да се заборави.
Двојки од 9-тото коло:
Беласица – Осогово
Брегалница – Вардар (Н)
Борец – Детонит Плачковица
Македонија ГП – Кожуф
Аресими – Скопје
Охрид – Вардарски
Башкими – Каменица Саса
Победа – Новаци
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ