Утре (Сабота) за во 17:00 часот се закажани натпреварите од второто коло во Втора Фудбалска Лига. На програмата се неколку интересни натпревари во кои победникот ќе биде неизвесен до последниот свиреж на судијата.
„Осогово“ по лошиот старт на домашен терен против „Беса“ веќе утре патува во Тетово каде ќе и гостува на екипата на „Тетекс“ кој во првото коло беше торпедирана во Прилеп. Уште се ложи сеќавањата на љубителите на фудбалот мво Кочани кога неодамна во бараш натпреварот „Тетекс“ го демолираше „Осогово“ и остана во лигата. Сепак сега се други времиња а и соатавите на екипите се поразлични. „Жетварите“ веруваат дека ќе покажат подобра игра отколку минатата сабота и се надеваат на поволен резултат. Единствено стравуваат од теренот со вештачка трева на кој тие не се навикнати да играат. Како и да е „Осогово“ во Тетово патува без бело знаме.
Вниманието го привлекува и езерското дерби како и локалното во Битола
Двојки за второто коло:
„Тетекс“ – „Осогово“
„Охрид“ – „Караорман“
„Вардар“ (Н) – „Кожуф“
„Аресими“ – „Каменица Саса“
„Пелистер“ – „Новаци“
„Беса“ – „Беласица“
„Башкими“ – „Победа“
„Скоје“ – „Детонит Плачковица“
С. Ивановски