ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА, ОСОГОВО СО НЕСКРИЕН ОПТИМИЗАМ ПАТУВА ВО ОХРИД

Во Спорт
април 20, 2025
1 минути

Поради Велигденските празници натпреварите од 25-тото коло во Втората Фудбалска Лига ќе се играат во утре (Понеделник) со почеток во 16:00 часот.

По лошото издание на „жетварите“ против „Беласица“ на домашен терен, утре со доза на мал оптимизам се патува во Охрид каде играчите предводени од Шефот на Стручниот штаб Крсте Крстев ќе се обидат непоразени да се вратат дома. „Жолто-сините“ оптимизмот го градат на податокот што во пролетниот дел прикажаа далеку подобри игри на гостувањата, отколку како домаќини.

Двојки за 25-тото коло:

Охрид – Осогово

Новаци – Вардар

Победа – Каменица Саса

Башкими – Вардарски

Беласица – Скопје

Аресими – Кожуф

Македонија ГП – Детонит Плачквица

Борец – Брегалница

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ