Утре е денот Д кога во рамките на 20-тото коло на Втората Фудбалска Лига во Кочани се одигра Регионалното дерби, екипата на „Осогово“ ќе ја пречека Штипска „Брегалница“.
По победата на „жетварите“ во вонредното 19-то коло во Радовиш надежите за подобро утре кај кочанчани се зголемија па затоа се очекува играчите на Осогово осоколени по освоените три бода да тргнат кон нова победа. Само со ангажирана игра и преди се верба во себе трите бодови ќе останат во Кочани, впрочем кочанчани веќе подолг период се „ноќна мора“ за Брегалница.
Освен играчите во борбата со ценетиот противник ќе треба да се вклучи и публиката. Бодовите за двете екипи се неопходни па затоа и се очекува добар натпревар, а „жолто-сините“ на крилјата на своите верни навивачи нека на крајот заеднички ја споделат радоста.
И да не заборавиме, СЕКОЈ КУПЕН БИЛЕТ Е ПОМОШ ЗА КЛУБОТ.
Двојки од 20-тото коло:
Осогово – Брегалница
Вардар – Кожуф
Скопје – Детонит Плачковица
Вардарски – Борец
Каменица Саса – македонија ГП
Новаци – Аресими
Победа – беласица
Башкими – Охрид
Сите натпревари започнуваат во 14:00 часот.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ