Време е за фудбалско комшиско дерби кое е закажано за во Сабота во рамиите на 7-то коло од Втората Фудбалска Лига.
На „Градскиот стадион“ во Виница „Слога 1934“ го пречекува „Осогово“. Натпреварите помеѓу овие две екипи во изминатите години донесувале добар и ефикасен фудбал, но и тензии на теренот.
И двете екипи лошо го започна годинешното првенство. По шест одиграни кола „Слога 1934“ е на 14-тото место со само 3 освоени бода а „Осогово“ е на 9-тото место со 7 освоени бода, што јасно става до знаење дека бодовите на двете екипи им се и те како потребни. Кој ќе биде епилогот ќе дознаеме во саботата некаде околу 17 часот.
Двојки за 7-то коло:
Слога 1934 – Осогово
Детонит Плачковица – Победа
Скопје – Вардар (Н)
Големо Коњари – Кожуф
Каменица Саса – Тетекс
Охрид – Брегалница
Преспа – Новаци
Беласица – Шкендија (А)
Натпреварите започнуваат во 15:00 часот.
Во Струмица дербито од врвот на табелата се игра во Недела под светлоста на рефлекторите.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ