Утре (Сабота) 14:00 часот, време за почеток на натпреварите од 6-тото коло во Втора Фудбалска Лига.
„Осогово“ пред два дена загуби од „Детонит Плачковица’ и се најде на последното место на табелата со само два освоени бода, па утрешниот натпревар против „Борец“ од Велес е шанса да се дојде до првата есенска победа и колку толку да се залечат раните по петте одиграни кола. Се освен освојувањето на трите бода за кочанчани значи зацврстување на дното на табелата и почеток на грчевита борба за зачувување на второлигашкиот статус.
Двојки за 6-тото коло:
Осогово – Борец
Скопје – Брегалница
Кожуф – Детонит Плаковица
Новаци – Беласица
Победа – Охрид
Каменица Саса – Аресими
Вардар (Н) – башкими
Вардарски – Македонија ГО
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ