Денес се одиграа натпреварите од 4-тото коло во Втора Фудбалска Лига за жени. На четирите натпревари се постигнати 39 погодоци или во просек 9,75 по натпревар..Најмногу погодоци беа постигнати на натпреварот во Велес, вкупно 17, потоа во Валандово 14, во Скопје 6 и во Македонски брод 2. На сите четири средби славеа гостинските екипи.
Во Велс најголемиот фаворит за освојување на првото место „Кочани“ го прегази домаќинот „Борец“ совладувајќи го со 16:1. Салихи постигна 11 голови (4’, 21’, 26’, 28’, 31’, 33’, 38’, 55’, 61’, 71’, 88’), Стојковска 3 (7’, 24’, 47’), Милеска 1 (67’) и еден авто гол (5’), додека единствениот погодок за домаќините го постигна Пешова (11’).
Во следното 5-то коло „Кочани“ ја пречекува екипата на „Слободен“.
Резултати од 4-тото коло:
Борец – Кочани 1:16
Победа 16 – Вардар 1:13
Порече – Плачковица 0:2
Слободен – Билјанини извори 0:6
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ