ВТОРА ОСМИЦА ПО РЕД ЗА ДЕВОЈЧИЊАТА ОД КОЧАНИ

Во Спорт
септември 29, 2025
0 минути

За време на викендот се одиграа четири од закажаните пет натпревари во Прва Фудбалска Лига.

Постигнати се 22 погодока или 5,5 по натпревар што значи дека се играл ефикасен фудбал.

Најефикасно беше во Македонска Каменица каде домаќинот „Каменица Саса“ со головите на Димитровска (10’45’68’90’), Фрагосо (37’58’), Шопска (57’) и Јовановска (82’) убедливи со резултат 8:0 (3:0)  ја совлада младата и неискусна екипа на „Кочани“.

Екипата на „Истатов“ славеше против „Топ Гол“ 3:0, „Љуботен“ против „Брера Тиверија“ 4:0 и „Скопје 2014“ против „Вардар“ 7:0.

Натпреварот „Ас Јунајтед“ – „Речица“ е закажан за 02 Октомври.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ