Со време од 48’30“ Златко Николов ја помина патеката во должина од 5 километри и висинска разлика од 1.030 метри на денешната трка „Chupino vertical“ со што го освои второо место во машка конкуренција.
Стартот на трката беше од центарот на село Блатец а целта на врвот „Чупино“ на височина од 1725 метри..
Вредно е да спомене и настапот на Кристијан Блажев и Благој Веселинов кои трката ја завршија со мошне солидно време.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ