Под мотото „Хуманоста победува – за Славица Димитрова“ синоќа во салата на ООУ „Никола Карев“ во Кочани се одржа хуманитарен турнир во мал фудбал за категоријата пионери.
На турнирот кој за отворен го прогласи Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов учествуваа екипите на ГФК „Осогово“ – Кочани, Академија „Младост-Тошев“ – Оризари, Академија „Чешиново-Облешево“ и ФК „Слога 1934“ – Виница.
Резултати од полуфиналните натпревари:
„Осогово“ – „Младост-Тошев“ 8:2
„Слога 1934“ – „Чешиново-Облешево“ 7:1
Во малото финале (борба за трето место) екипата на „Чешиново-Облешево“ го совлада „Младот-Тошев“ со 2:0 а додека во големото финале „Осогово“ славеше со 3:2 над екипата на „Слога 1934“ по подоброто изведување на пенали, откако во регуларниот дел немаше голови.
По завршувањето на натпреварите беа прогласени и најдобрите поединци на турнирот.
Најдобар голман – Ивица Пауновски (ГФК Осогово)
Најдобар стрелец – Герман Илиев (ФК Слога 1934)
Најдобар играч – ненад малинов (ГФК Осогово)
С. Ивановски