БИДИ И ТИ ДЕЛ ОД ПРВАТА ХУМАНИТАРНА РОТАРИ ТРКА ВО КОЧАНИ

март 19, 2022
1 минути

Биди дел од првата Хуманитaрна Ротари Трка во Кочани, Сабота 26 Март – 18 часот на 5 или 10 километри организрана од Ротари Клубот Кочани-Виница.

Трката ќе се одржи на низ Кочанските улици. Право на учество имаат сите љубители на трчањето и здравиот начин на живот. Котизација: 400 денари. Во котизацијата е вклучен стартен пакет кој содржи: – стартен број со чип, – освежителен пакет и – Медал по завршувањето на трката.

Организаторот има предвидено и награди за победниците во машка и женска конкуренција. Истите ќе бидат дополнително објавени.

Рок за пријавување: 20.03.2022 23:59ч.

Регистрација и пријавувње на следниов линк: https://www.smartrace.club/ Преку одбирање на Run Rotary – Ротари Трка Подигање на стартните броеви ќе биде од 16 часот пред домот на културата во Кочани каде што ќе има и гердеробер просторија. (Организаторот не сноси одговорност за загубени предмети).

www.smartrace.club