На неколку денови пред завршувањето на оваа календарска година, поточно на претпоследниот тренинг во годината, Карате Клуб „Партизан“ од Кочани одржа испит „Полагање за појаси“.
42 каратисти полагаа и воедно го положија испитот и се стекнаа со нови појаси со поинаква боја од претходните.
Од пријавените каратисти 14 полагаа за жолт појас, 6 за портокалов, 11 за зелен, 5 за син и 6 за кафеав.
На каратистите од КК „Партизан“ им претстои уште само еден тренинг (Среда) во оваа година, по што заслужено заминуваат на зимската пауза која ќе трае се до 26.01.2022 година.
С. Ивановски