Започна учебната година и за првачињата од ОМУ „Ристо Јуруков“ Кочани. По тој повод, училиштето организираше свечен прием каде присуствуваа првачињата, родителите, наставниците и градоначалникот на Општина Кочани, којшто им посака успешна учебна година и високи достигнувања и успеси.
Оваа учебна година настава посетуваат 143 ученици, од кои 30 за првпат влегуваат во музичкото училиште. Директорката на ОМУ „Ристо Јуруков“ информираше дека сѐ уште има слободни места за учениците од 4, 5 и 6 одделение кои сакаат да ги изучуваат инструментите хармоника и флејта, така што планираниот број од 143 ученици сѐ уште се зголемува.
Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ е училиште со многубројни државни и меѓународни награди, кое опфаќа деветгодишно и шестгодишно музичко образование во зависност од инструментот кој се изучува.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ