Започнаа градежните активности на дел од улицата „Тодосие Паунов“ пред Полициската станица – Кочани. Се реконструира левиот крак на улицата во ширина од 3,5 метри и должина од 200 метри.
Во склоп на работните активности се вклучува и замена на 5 канализациони шахти и 2 сливници.
Изведувач на работите е фирмата „Стоименов“ од Кочани.
Воедно се замолуваат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат пропишаните сообраќајни правила и прописи.
Опшина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ