Утре (Сабота), со почеток во 14:00 часот стартуваат натпреварите во Втора Фудбалска Лига, На програмата се натпреварите од 16-тото коло во кое „Осогово“ на стадионот во селото Врапчиште му гостува на есенскиот шампион „Беса“.
Домаќинот важи за голем фаворит што не значи дека бодовите му се загарантирани, особено по последниот настап на „жетварите“ на генералката против „Брера“ во Струмица.
Правдата ќе ја дели Миле Лазов (Неготино) со своите помошници: Зоран Ангелов (Неготино) и Давор Дишлиевски (Кавадарци).
За четврти судија е делегиран Ангел Гелов (Кавадарци), Делегат: Гоце Ефтимов (Штип) и Контролор: Никола Божиновски (Скопје).
Двојки од 16-тото коло:
„Беса“ – „Осогово“
„Охрид“ – „Башкими“
„Тетекс“ – „Победа“
„Пелистер“ – „Беласица“
„Аресими“ – „Новаци“
„Скопје“ – „Каменица Саса“
„Вардар“ (Н) – „Детонит Плачковица“
„Караорман“ – „Кожуф“
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ