ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК – ЗА „ОСОГОВО“ ПОБЕДАТА Е ИМПЕРАТИВ

Во Спорт
април 22, 2023
1 минути

Недела, 16:00 часот, термин за почеток на натпреварите од 19-тото коло во Трета Фудбалска Лига – исток.

По лошото издание на лидерот „Осогово“ минатото коло во Пробиштип или подобро, по одличната игра на домаќините кога со три гола во мрежата ги испратија кочанчани, веќе во Недела нов предизвик за „жетварите“.  Во Кочани гостува екипата на „Карбинци“ која мошне успешно ја води некогашниот играч на „Осогово“, Мирче Натков. Победа за „жолто-сините“ е императив бидејќи со освоени три бода многу нешта на три кола до крајот ќе бидат познати.

Второпласираното „Овче Поле“ е на тешко гостување во Струмица и доколку сака да остане во борбата за највисок пласман светиниколчани мора да јуришаат на трите бода.

„Брегалница сениори“ гостуваат во Дојран, а „рударите“ од Пробиштип во Богданци. Во Берово гостува екипата од Градско Балдовци.

Двојки за 19-тото коло:

„Осогово“ – „карбинци“

„Дојранско езеро“ – „Брегалница сениори“

„Малеш“ – „Спартмани“

„Тиверија“ – „Овче Поле“

„вардарски“ – „Рудар“

Слободна во ова коло е „Академија Чешиново-Облешево“

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ