ЗАРАБОТИЛ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПОРАДИ НАПАД НА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК

август 20, 2022
0 минути

На 20.08.2022 во 01.05 часот во Кочани од полициски службеници од Полициската станица Кочани бил лишен од слобода Е.М.(36) од Кочани поради тоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службено дејствије.

По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

ИЗВОР: Дневни билтени од МВР