ЗАВРШЕН ПРЕС, ТОМЕ СОЛЕВСКИ: ИЗБЕРИ И ИЗЛЕЗИ – ГЛАСАЈ ЗА НАЈДОБРОТО!

октомври 15, 2021
1 минути

Почитувани сограѓани,
Никогаш не било појасно за кого гласате!
Видовте како работевме ние изминативе 4 години, а добро знаете какво е владеењето на сегашната опозиција.
СДСМ е светилник на демократијата во нашата земја.
Не се поколебавме во ниту еден момент. Работевме посветено и во Владата, и во општините. Сите проекти беа во движење и имаме реализација каква што немало во цела претходна деценија. Сега е момент да не се поколебате и вие, и да не дозволите државата да се врати во неизвесност.
За јасна визија и цел, во недела сите заедно да се гордееме со нашата општина, да го направиме Кочани уште поубаво место за живеење.
Горди сме со ваков градоначалник. Уверен сум дека и вие и понатаму ќе се гордеете и со гордо крената глава, исправени ќе одите напред.
Гласајте за овие луѓе, кандидати за советници од СДСМ и коалицијата кои се за почит, луѓе со минат труди и резултати зад себе, со енергија и ентузијазам за уште подобро утре.
Ве уверувам, доаѓа уште подобро, уште поуспешно и понапредно време и Ве повикувам да ни ја дадете Вашата поддршка, за Вашите деца, за Вашите семејства, за иднината на нашето Кочани!
Во недела да излеземе масовно на гласачките места и да заокружиме број 12 и за градоначалник и за советничката листа!
Да го избереме најдоброто за нашата општина!
Да го избереме најдоброто за нашето Кочани!
Ви благодарам!
д-р Томе Солевски
Носител на листа на советници

предложена од СДСМ и коалицијата