„ЕКО ПРОЕКТ – КО“ ДОДЕЛИ НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ ВО ПУ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО ГОРНИ ПОДЛОГ

декември 19, 2022
1 минути

Почитувани ,

Денес во просториите на Подрачното училиште на ОУ,,Св.Кирил и Методиј“-Кочани во с.Горни Подлог, од претставници од Компанијата ,,Еко Проект – КО“ од Кочани беа доделени новогодишни паќетчиња за сите ученици од прво до петто одделение во ова Подрачно училиште , односно на вкупно 48-ученици.

Во оваа пригода директорот на ОУ,,Св.Кирил и Методиј“-Кочани Даниел Кралев, упати јавна благодарност до Компанијата ,,Еко Проект –КО“ и им се заблагодари за овој гест од негово име, од име на врабнотените во училиштето и од име на учениците од ова Подрачно училиште. Притоа директорот Даниел Кралев се заблагодари на Компанијата Еко Проект – КО за целокупната досегашна подршка што оваа компанија ја дава на ОУ,,Св.Кирил и Методиј“- Кочани и посака оваа соработка да продолжи и во иднина, преку зедничко учество на училиштето и компанијата во многу следни проекти.

Со почит

Даниел Кралев

Директор на ОУ,,Св.Кирил и Методиј“-Кочани