Изминатите два дена Големата сала во НУЦК „Бели Мугри“ во Кочани беше центарот на музиката, забавата, радоста и насмеаните лица и сето тоа благодарение на вредните наставници и нивните ученици од ОМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани.
Вечерва со четвртиот концерт во изминатите два дена заврши годинешното 23-то издание на „Новогодишниот концерт“ годинава насловено како „Музичката работилница на Дедо Мраз“.
На сцената беа изведени познатите Новогодишни и Божиќни песни кои беа дело на 180 ученици под диригентската палица на професор Марија Лазарова.
Громогласните аплаузи на публиката се најголемата награда за сето она што и учениците и наставниците со своите изведби им го подарија на присутните
И годинава покровител на оваа манифестација беше Општина Кочани а сите учесници на концертот беа облечени во костими кои ги донираше Општествено одговорната Компанија „ИНТ Груп“ од Кочани.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ