Членовите на Здружението на Граѓани „Јосип Броз Тито“ од Кочани, достојни на традицијата која со години ја негуваат прославија уште еден голем празник, денес на достоинствен начин го прославија 29-ти Ноември.
Пред 79 години во босанското гратче Јајце во своето обраќање пред присутните делегати водачот на Југославија Јосип Броз Тито од говорницата меѓу другото кажа дека Македонија ќе биде рамноправна Република во склопот на Федерацијата на Југославија и дека народот ќе си зборува на чист македонски јазик, а Македонците како народ ќе бидат рамноправни со останатите народи и народности.
Членовите на ЗГ „Јосип Броз Тито“ со свои возила украсени со Југословенски и Македонски знамиња продефилираа по улиците во и надвор од градот.
Традицијата продолжува.
С. Ивановски