Од 13-16 Октомври (Четврток-Недела) женската репрезентација на Северна Македонија во борење ќе се подготвува во Кочани во пресрет на Балканското првенство кое од 27-30 Октомври ќе се одржи во Букурешт (Романија).
Тренерите Ангел Стефанов и Илчо Маркоски заедно со тренерот на репрезентацијата на Косово Ферат Рамадани ќе работат со 12 наши репрезентативки кои со помош на 6 репрезентативки од Косово заеднички ќе ги реализираат подготовките се со цел да бидат во што подобра форма на првенството.
Во Кочани ќе се работи по два тренинга дневно плус футинг наутро.
Репрезентативките ќе бидат сместени во Хотел „Аледар“ а трошоците ќе ги покрие Боречката Федерација на Северна Македонија.
Како што е договорено до крајот на годината планирано е следниот заеднички камп да се реализира во Косово.
С. Ивановски