За в Сабота се закажани натпреварите од 12-тото коло во Втора Фудбалска Лига – Исток,
Екипата на „Осогово“ осоколена после извонредната игра (особено во второто полувреме) и победата против „Слога 1934“ патува во Житоше каде противник ќе и биде „Братство“. Очигледно е дека „жолто-сините“ се полни со оптимизам и ќе атакуваат на три бода кои во финишот на есенскиот дел на сезоната може да ги однесат во гоениот дел на табелата.
Дерби натпреварот во ова коло се игра во Македонска Каменица каде домаќинот „Каменица Саса“ со новата управа и со доза на оптимизам ќе го пречека моментно лидерот на табелата „Победа“ од Прилеп.
Во Виница „Слога“ ја пречекува „Локомотива“. Виничани по поразот во минатото коло во Кочани, горат од желба да дојдат до нови три бода и до некаде да ги израдуваат своите навивачи.
Двојки од 12-тото коло:
„Братство“ – „Осогово“
„Каменица Саса“ – „Победа“
„Слога 1934“ – „Локомотива“
„Кит-Го“ – „Беласица“
„Кожуф“ – „Детонит“.
Натпреварите започнуваат во 13:00 часот.
С. Ивановски