Што туку љубителите на фудбалот во Кочани по победата на „Осогово“ против Штипска „Брегалница“ се понадеваа дека „Осогово“ има веќе состав за респект кога денес налетаа на просечната екипа на „Каменица Саса“ од која како домаќини загубија 1:2 (1:0).
Ако денес за „рударите“ можеме да кажеме дека се просечна екипа, тогаш „жетварите“ по денешното издание неа под просечна.
„Осогово“ поведе во раната фаза на натпреварот кога по киксот на гостинскиот голман Манов со глава ја спроведе топката во мрежата. И тоа беше речиси се од првото полувреме во кое единствено треба да се одбележи слободниот удар за гостите кој домашниот голман го исфрли во корнер.
На полувремето беа извршени неколку измени кои покажаа дека „жетварите“ на две седмици до стартот на првенството речиси да немаат резервна клупа.
Гостите во вториот дел беа подобри, поагресивни и почесто напаѓаа и постигнаа два погодока.
Кон средината на второто полувреме израмнија со идентичен погодок како што домаќините постигнаа а конечниот резултат беше поставен во финишот на натпреварот кога по изведениот корнер лошо интервенираше домашната одбрана и гостите лесно ја спроведоа топката во мрежата.
Се на се натпревар кој ги загрижи сите оние на кои „жолто-синиот“ дрес многу им значи.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ