ЖФК „КОЧАНИ“ СО ПОРАЗ ГО ЗАПОЧНА НОВОТО ПРВЕНСТВО

Во Спорт
септември 12, 2022
0 минути

За време на викендот се одиграа натпреварите од првото коло во Прва Фудбалска Лига за жени.

Пет домашни екипи забележаа сигурни победи но највисоката ја извојуваа „рударските“ од „Каменица Саса“ на гостувањето кај „Речица“. Во првото коло постигнати се вкупно 38 погодоци или 7,6 во просек.

Повратникот во во првата лига екипата на Кочани со пораз ја отвори новата сезона. Кочанчанки загубија на гостувањето во Струга од домаќинот „Ас Јунајтед“.

Во дерби на колото минатогодишниот шампион „Љуботен“ ја совлада екипата на „Тиверија“, сигурни победи остварија и екипите на „Деспина“ и „Скопје 2014“.

Резултати од првото коло:

„Ас Јунајртед“ – „Кочани“  7:0

„Љуботен“ – „Тиверија“  3:1

„Речица“ – „Каменица Саса“  0:11

„Деспина“ – „Борец“  8:0

„Скопје 2014“ – „Шкендија“  5:3

Во првото коло слободна беше екипата на „СЦ Истатов“

С. Ивановски